Грчкиот репрезентативец Костас Слукас е прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир од Евролигата што се одржа во Берлин.
Тој одигра фантастичен финален меч, за 25 минути во игра постигна 24 поени со само едно промашување и тоа аод линијата за слободни фрлања, а додаде уште 2 скока и 3 асистенции за индекс 31.
Кошаркарот на Панатинаикос првпат во кариерата го доби ова признание и им се придружи на своите сонародници Теодорос Папалукас, Димитрис Дијамантидис и Василис Спанулис кои претходно ја освојуваа наградата.


