Во пресрет на второто коло од Првата македонска кошаркарска лига, екипата на Кожув направи една промена во тимот, но со неа го комплетира ростерот со кој ќе се натпреварува оваа сезона.
Нов член на клубот од Гевгелија е американскиот плејмејкер Си Џеј Вилсон, 30-годишен кошаркар кој минатата сезона ја поминал во Полска. Настапувајќи за тимот Пржемил, Вилсон просечно постигнувал по 22,3 поени, 8,1 асистенција и 4,7 скока, а претходно играл и во Италија, Шведска, Романија и БиХ.
Своето деби за Кожув, Вилсон ќе го забележи в недела, на дуелот против Вардар на домашен терен, кога во екипата за првпат ќе биде и големото летно засилување Фран Прилепиќ кој не играше против Чаир.


