Откако пред две недели го совлада Вардар, поранешниот шампион на Македонија, Кожув денеска ја оствари втората победа во сезоната и повторно на домашен терен.
Пред своите навивачи, гевгеличани славеа со 85-64 против Тиквеш во меч во кој доминираа и најчесто беа во водство. Гостите беа рамноправни, на моменти и подобри во првите 12-тина минути, а се понатаму одеше на контото на Кожув.
Првата поголема разлика, домашниот тим ја направи кон средината на втората четвртина кога по серијата од 9-0 поведе со 31-24, за на минута пред крајот на полувреме да дојде и до двоцифрена предност (42-32). Тука беше и крај на силата на Тиквеш кој во второто полувреме не успеа да се симне на едноцифрена негатива.
Вилсон со 23 поени беше најефикасен кај Кожув, но се исткнаа и Стевановиќ со 16 поени и Хауард со дабл дабл од 13 поени и 16 скока. Кај Тиквеш, целата одговорност падна на тројца кошаркари кои постигнаа 51 од вкупно 66 поени: Квери со 23, Грин со 16 и Херисон со 12.


