Екипата на Кожув оствари победа во еден од последните тестови пред почетокот на новата сезона во Првата лига.
Гевгеличани го победија ТФТ со 82-73 во меч во кој постојано водеа, а во пресрет на последната четвртина имаше предност и од 16 поени разлика. Одлучувачки беше првиот период кој Кожув го доби со 30-16 по што ТФТ не успеа да се врати во игра и да ја загрози победата.
Најефикасен во победничкката екипа беше Стевановиќ со 30 поени, додека кај ТФТ се истакна Гринли со 14 поени.


