Екипата на Кожув оствари триумф со 91-72 против Академија ФМП во својот последен натпревар од сезоната во која успеа да обезбеди опстанок и покрај големите турбуленции.
Клучна беше втората четвртина во која гевгеличани направија серија од 15-0, а ја добија со 35-11 и уште тогаш го скршија отпорот на противникот. До крајот на мечот, Академија ФМП не успеа да се соземе и да ја загрози победата на домашниот тим.
Брендон Пен со 16 поени и 7 скока беше прво име во тимот на Кожув, Караколев додаде 14, а Караџовски 11. Кај Академија ФМП, Лука Петровски постигна 25 поени.
Кожув и идната сезона ќе биде во елитната конкуренција, додека за Академија ФМП и пред овој натпревар се знаеше дека по пет сезони во Првата лига, се сели во понизок ранг.