Финалето од Олимписките игри во Париз против САД најверојатно беше последен натпревар за Венсан Коле како селекторот на француската репрезентација.
Лекип денеска пишува дека тој ќе напушти селекторската позиција на која е од март 2009 година и со тоа ќе почне процесот на реновирање на националниот тим кој во меѓувреме остана и без ветераните Нандо де Коло и Никола Батум. Коле ќе остане запишан како најдолговечен селектор во историјата на француската репрезентација со повеќе од 15 години поминати на позицијата.
Во неговиот период се освоени и најголем број медали на големите натпреварувања, вкупно осум, вклучувајќи го и првото и досега единствено злато, од Европското првенство во 2013 година. Покрај тоа, освои и две сребрени медали од олимписките игри, две сребрени и еден бронзен медал од европските првенства и два бронзени медали од Мундијалите.


