По само две години учество во АБА лигата, екипата на Дубаи ја освои својата прва титула во регионалната лига.
Тимот од Обединетите Арапски Емирати го победи Партизан со 83-81 и со вкупни 3-1 триумфираше во регионалното натпреварување. Мечот се решаваше во последните секунди, а херој на Дубаи беше поранешниот кошаркар на Партизан, Алекса Аврамовиќ.
Репрезентативецот на Србија го заврши натпреварот со 15 поени, но девет од нив постигна во последната четвртина, вклучувајќи ги двете слободни фрлања на 15 секунди пред крајот со кои го постави конечниот резултат. Претходно успеа и да ги изнервира навивачите на Партизан чиј миленик беше порано, а во одбраната го неутрализира Калатес кој остана на само еден поен вечерва.
Со ова Партизан стави крај на очајната сезона во која не освои ниеден трофеј, остана без Жељко Обрадовиќ и го извади најлошото од себе. Дубаи е првиот клуб што ја прекина осумгодишната хегемонија на Партизан и Црвена Звезда и стана десетти што ја освоил титулата во АБА лигата.


