НБА денеска ги објави стартерите за Ол стар натпреварот што ќе се одржи идниот месец и, за прв пат во кариерата, крилниот центар на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, не е меѓу нив.
Неговиот соиграч, Лука Дончиќ е лидер во гласањето во Западната конференција, а му се придружија центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ бекот на Оклахома Сити Тандер, Шеј Гилџес Александар, центарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембанјама и бекот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари. Крилниот центар на Милвоки Бакс, Јанис Адетокунбо го предводеи гласањето во Истокот, а ќе му се придружат бекот на Њујорк Никс, Џејлен Брансон, бекот на Филаделфија, Тајрис Макси, бекот на Детроит Пистонс, Кејд Канингем и крилниот центар на Бостон Селтикс, Џејлен Браун.
Но, најголемата вест од процесот на селекција е изоставувањето на Леброн, кој беше избран и именуван за стартер за рекорден 21 Ол-стар натпревар во неговата кариера – секој од Денвер во 2005 година. Колку и да звучи сензационално, оваа сезона тој никогаш не беше блиску до место во стартната петорка на Западот. Џејмс ги пропушти првите 14 натпревари од сезоната поради ишијас, а потоа имаше слаб почеток откако се врати на теренот, вклучувајќи ја и неговата извонредна серија од 1.297 натпревари со најмалку 10 поени што заврши во Торонто минатиот месец. Сето ова влијаеше тој да не добие доволно гласови за да биде меѓу стартерите иако веројатно ќе биде избран меѓу резервите.
The top finishers by conference in the final fan returns for NBA All-Star Voting ⬇️ https://t.co/PhMfdofA5s pic.twitter.com/KgGSislFOl
— NBA Communications (@NBAPR) January 19, 2026
Лука Дончиќ доби најмногу гласови, безмалку 3,5 милиони, зад е него а Адетокунбо и тие двајца се единствени кои ја минаа границата од три милиони.
Процесот на гласање е составен од три групи: гласање на навивачите, кое сочинува 50% од гласовите, панел од гласачи од медиумите, кој сочинува 25% од гласовите и гласање на играчите, кое исто така сочинува 25% од гласовите. Резервите ќе бидат објавени во недела и ќе бидат избрани од тренерите на НБА.
Оваа година, Ол-стар натпреварот го усвои форматот „Тим САД против Светот“, при што групата на Ол-стар играчи на крајот ќе биде поделена на три состави; два ќе бидат составени од американски играчи, а третиот од меѓународни играчи.
Ол стар викендот ќе се одржи во арената на Лос Анџелес Клиперс во Инглвуд во периодот од 13 до 15 февруари.


