Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокетс ја продолжуваат борбата за четвртото место во Западната конференција.
Битката за предност на домашен терен во плејофот на Западната конференција продолжува и во моментов три екипи се борат за позициите од третото до петтото место. Денвер засега е во предност со 52 победи, а една помалку имаат Хјустон и Лејкерс. Двата тима победија во вечерта зад нас, бидејќи Лејкерс ги победија Вориорс со 119-103, а Хјустон ја надигра Филаделфија со 113-102.
Лос Анџелес Лејкерс беа ослабени и играа без своите најдобри играчи Лука Дончиќ и Остин Ривс (двајцата повредени), додека Вориорс беа без Стеф Кари и Порзингис (Џими Батлер одамна ја заврши сезоната). Доколку сезоната завршеше денес, Рокетс и Лејкерс ќе играа во првото коло од плејофот, а тимот од Лос Анџелес ќе имаше предност на домашен терен.
Лејкерс лесно ги победија Вориорс синоќа благодарение на одличната игра на Леброн Џејмс, кој забележа 26 поени, 8 скока и 11 асистенции. Диандре Ејтон го следеше со 21 поен и 5 скока, додека Џејк Ларавија имаше 16 поени, 7 скока и 4 асистенции.
На другата страна, Подзиемски постигна 17 поени, а Нејт Вилијамс имаше исто толку со 4 скока и 3 асистенции, додека Чарлс Беси имаше дабл-дабл од 12 поени и 13 скока.
РЕЗУЛТАТИ
Торонто – Мајами 128-114
Вашингтон – Чикаго 108-119
Бруклин – Индијана 94-123
Њујорк – Бостон 112-106
Хјустон – Филаделфија 113-102
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 103-119


