„Ѓаволската“ недела во Евролигата излезе ѓаволски лоша за европскиот шампион Панатинаикос бидејќи по поразот од Париз пред два дена, денеска загуби и од Реал Мадрид.
Во репризата од финалето од минатата сезона, вицешампионот беше подобар од бранителот на титулата со 90-86 и тоа е победа која може целосно да му ја сврти сезоната на Реал. Во претходните осум меча во сите натпреварувања, мадридскиот тим имаше биланс 3/5, но денеска го зеде најголемиот скалп кој треба да им ја крене самодовербата на кошаркарите.
Триумфот на Реал е апсолутно заслужен ако се знае дека домаќинот беше во водство во текот на сите 40 минути. Отвори со 8-0, нешто подоцна водеше со 19-5, а и покрај тоа што Панатинаикос успеа да се врати во игра, домаќинот не дозволи да дојде до пресврт. Во третиот период разликата отиде до највисоки +17 (66-49) за ПАО во финишот да се избори за пристоен пресврт од само четири поени.
Двете екипи сега се со биланс 2/2, но Панатинаикос идната недела го очекува уште едно тешко гостување, кај Фенербахче, додека Реал ја пречекува Црвена Звезда.
РЕЗУЛТАТИ
Алба – Фенербахче 71-78
Макаби – Партизан 79-91
Милано – Жалгирис 82-85
Баерн – Париз 109-107
Реал – Панатинаикос 90-86


