Димтирис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос на социјалните мрежи објави дека Жељко Обрадовиќ се врати на тренерската позиција во грчкиот клуб.
Со тоа, најтрофејниот европски тренер на сите времиња по вторпат во кариерата ќе биде тренер на Панатинаикос. Веќе извесно време се шпекулираше дали Обрадовиќ повторно ќе го води ПАО, а по најавата на Јанакопулос веќе нема дилема.
„Приказната продолжува, кралот се врати“, напиша контроверзниот Грк и најави обнова на соработката.
Во својот прв мандат, Обрадовиќ го водеше Панатинаикос од 1999 до 2012 година и дури пет пати ја освои Евролигата со нив. Уште 11 пати беше шампион на Грција, а седум пати го освои купот.
Панатинаикос планира сериозен ремонт на својот тим и има шпекулации дека многумина не се безбедни, како Најџел Хејс-Дејвис и Кендрик Нан, кои би можеле да го размрдаат европскиот пазар ова лето. Истото се однесува и на македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Валенсија.


