И покрај освоената двојна круна во домашната кошарка, како и пласманот во плејофот од АБА, пред поранешниот европски првак Босна повторно е неизвесен период.
Целиот управен одбор, на чело со претседателот Дубравко Барбариќ поднесе оставка поради што останува прашањето како ќе се финансира клубот претстојната сезона. Нешто слично се случуваше лани во истиов период кога Босна објави дека ќе го откаже учеството во АБА лигата за неколку дена подоцна на помош да притрчаат неколку моќни компании и водството на Кантонот Сараево кои го спасија клубот.
Од Босна уверуваат дека се финансиски целосно стабилни, но прашање е дали може да ги повтори успесите од оваа сезона и дали повторно ќе има силен тим.


