Американскиот интернационалец Малколм Бернард го напушти тимот на Работнички, само десетина дена откако го засили клубот од Градски парк.
Прекинот на соработката е на инсистирање на Бернард кој, наводно, не се нашол во тимот предводен од Горан Самарџиев. Во тимот на Работнички тој одигра само еден натпревар, против Тиквеш во Кавадарци минатиот викенд каде за безмалку 16 минути постигна 2 поена 2 скока, 2 асистенции и 3 загубени топки.
Работнички веќе е во потрага по нов играч на неговата позиција, но со оглед на тоа што првенството е на пауза поради репрезентативните натпревари, има доволно време да најде соодветна замена. Клубот од Градски парк веќе смени неколку странци од почетокот на сезоната: Његош Сикираш, Весли Персон, Михаило Јовичиќ и сега Бернард.
Во моментов, странци во екипата се Имран Полутак и Џексон Дубински на кои наскоро треба да им се приклучи уште барем еден играч.


