Иако имаше понуда да оди чекор понапред и претстојната сезона да се натпреварува во елитната дивизија на регионалното натпреварување, Крива Паланка сепак одлучи повторно да учествува во ВАБА 2 лигата.
Шампионот на Македонија ќе биде еден од десетте клуба кои ќе конкурираат за титулата и тоа втора сезона по ред. Откако минатата натпреварувачка кампања остави одличен впечаток и за малку не успеа да се пласира на завршниот турнир, сега Крива Паланка ќе се обиде да го надомести пропуштеното и со искуството од порано да забележи уште подобар пласман.
Покрај Крива Паланка, во ВАБА 2 лигата ќе учествуваат и словенечките Марибор, Јежица и Илирија, босанските Лидер и Бановиќи, австрискиот Грац и црногорските Подгорица, Систарс и Приморје.


