Екипата на Крива Паланка останува единствена без пораз во Првата А женска кошаркарска лига откако денеска го зеде и вториот голем скалп во сезоната.
По триумфот против Вардар, паланчанки беа подобри и од шампионот Баскет Кам на домашен терен со убедливи 70-54 со што останаа осамени на првото место на табелата. По релативното израмнетото прво полувреме, одлуката падна во вториот дел кој кошаркарките на Виктор Петровски го доби со 37-27 и тоа беше решавачки момент за победникот.
Дијани Робинсон со 23 поени беше најефикасна кај Крива Паланка, Михаела Алексовска постигна 17, но клучен играч беше Одри Меклејни која го заврши натпреварот со 16 поени, 22 скока и 4 блокади. Димова со 17 поени го предводеше Баскет Кам.


