Екипата на Крива Паланка се зацврсти на првото место на табелата во женската Прва лига откако вечерва убедливо го совлада Бадел со 81-59.
Се беше решено уште во почетната фаза од мечот бидејќи домаќинките отворија фуриозно. Беше 11-0, па 27-6, а на голем одмор се замина со огромни 48-22 за Крива Паланка. Највисоката предност, лидерот на табелата ја достигна на нешто помалку од четири минути пред крајот кога отиде на +30 (79-49). До крајот Бадел успеа само малку да го поправи впечатокот и да намали нешто од убедливиот пораз.
Триото Американки, плус Алексовска го предводеа победничкиот тим. Робинсон постигна 29 поени, Грин заврши со 19 поени, осум асистенции и шест скока, Алексовска со 16 поени, а Ниехуес со 10 поени и 12 скока. Фриман беше единствена со двоцифрен ефект кај Бадел – 12 поени со 11 скока и седум асистенции, но и со пет загубени топки.
Пред Крива Паланка е уште едно дерби идната недела, против Вардар и ако на тој меч речиси сигурно ќе влезе во плејофот од лидерската позиција.


