Покрај браќата Стојановски, еден од најискусните во составот на македонската репрезентација е центарот на МЗТ Скопје, Бојан Крстевски.
По отсуството на Итан Хап, голем дел од одговорноста ќе падне на 35-годишниот кошаркар кој многу пати порано се покажал како голем борец. Нема сомнение дека така ќе биде и вечерва.
„Не очекува тежок двомеч со Литванија, добро знаеме дека се работи за исклучително силна репрезентација, но од друга страна противникот има нов селектор и сигурно ќе има многу нови работи. Ние ќе играме со изменет состав во однос на претходните натпревари бидејќи недостасуваат голем број играчи, но ни оостанува да одиграме максимално одговорно на домашен терен, а потоа ќе размислуваме за вториот дуел.
За Литванците знаеме дека доаѓаат со изменет состав, претежно со играчи од домашното првенство бидејќи и на нив евролигашите не им се достапни и треба тоа да го искористиме. Стручниот штаб направи анализа, ги знае добрите и лошите страни на противничките кошаркари и мислам дека тоа ќе ни биде од голема корист“, рече центарот на МЗТ Скопје.


