Екипата на Феникс славеше во градското дерби против ТФТ, во Кале со 82-80 во мечот кој немаше големо резултатско значење за двете екипи.
Тимот на Денис Дервишевиќ беше во предност речиси цел натпревар, во еден период и со 16 поени разлика (51-35), но во финишот ТФТ се доближи и се закани дека може да направи пресврт. Со истекот на времето, при водство на Феникс од 82-80, Дамјан Крстевски имаше шут за тројка и за победа, но за малку беше непрецизен.
Претходно, Крстевски беше еден од најдобриот кај ТФТ, постигна 14 поени, а погоди и две тројки, но на крајот не го посака топката. Феникс на овој меч играше без Бојан Трајковски, но капитенот Митревски одигра добар меч и заедно со Џонс беа најефикасни во гостинскиот тим со по 17 поени. Кај ТФТ се истакна Луис со 24 поени.
Дури и да победеше, ТФТ немаше да се мрдне на табелата затоа што Чаир славеше во својот меч со Охрид. Феникс уште од минатото коло го обезбеди седмото место на табелата и во плејофот ќе игра против Работнички.


