Поранешниот српски шампион Црвена Звезда го донесе деветтото летно засилување откако денеска потпиша договор со кубанскиот центар Хасиел Риверо.
Искусниот кошаркар доаѓа од Макаби и ги потврди шпекулациите во врска со неговата иднина кои траеја извесен период. Минатата сезона ја помина во Макаби со кој настапи на 20 натпревари во Евролигата и просечно постигнуваше по 10,2 поена, 4,4 скока и 1,3 асистенции.
Хасиел Риверо је нови члан КК Црвена звезда Меридианбет!
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) July 18, 2025
Доскорашњи играч Макабија ново је појачање црвено-белих и доноси велику борбеност, одличну игру у рекету, осећај за скокове уз огромну физичку снагу коју поседује.
Welcome to red and white family, Jasiel! 🔴⚪#kkcz… pic.twitter.com/GXOoVRr3SY
Во европската кошарка Риверо е од 2019 година кога дојде во шпанскиот Бургос, потоа две сезони настапуваше во Валенсија, а во 2023 се пресели во Макаби. Интересно е тоа што најголемите успеси ги оствари со Бургос со кого триумфираше во Лигата на шампионите во 2020 и 2021 година.
Пред Риверо, Звезда се засили со квартетот Нигеријци (Монеке, Оџелеј, Изунду и Нвора), потоа Тајсон Картер, Стефан Миљеновиќ, Огњен Радошиќ и Урош Плавшиќ.


