Денеска во Партизан бил одржа бурен состанок, Зоран Савиќ поднесе оставка на функцијата генерален менаџер, но по се изгледа нема да се заврши со тоа.
Српските медиуми објавија дека Жељко Обрадовиќ побарал оставка и од претседателот Остоја Мијаиловиќ, сметајќи дека тоа е најдобро и за него за Партизан. Како најголем фаворит за негов наследник се спомнува актуелниот потпретседател Дејан Чакајац кој е прв човек на еден од најголемите спонзори на клубот.
Засега нема никаква официјална информација од Партизан на оваа тема, но како што тргнало, поранешниот европски шампион ќе доживее тотална трансформација.
Црно-белите не се во најдобра форма во последно време. Тие победија само на еден од последните осум натпревари во Евролигата, па затоа се на самото дно во елитното натпреварување со резултат од 4-9.


