Легендата на европската и светската кошарка Римас Куртинаитис од денеска е селектор на репрезентацијата на Литванија, позиција на која ќе остане до Олимписките игри во 2028 година.
Тоа беше најавено пред околу две недели кон на претседателската функција беше избран Миндаугас Балчиунас. Во своето прво излагање, тој откри дека веќе контактирал со Куртинатис и дека многу брзо ќе има одговор од него.
„Сакам да ѝ се заблагодарам на Федерацијата и на асоцијацијата на литвански тренери за довербата. Ова е одговорна работа, ни претстои борба за пласман на Европското првенство и се надевам дека заедно ќе ги надминеме сите проблеми“, изјави Куртинаитис кој на селекторската функција ќе го замени Казис Максвитис, а во националниот тим се враќа по пауза од 15 година откако од 2007 до 2009 му беше асистент на Рамунас Бутаутас.
Куртинаитис во моментов работи во азербејџанскиот прволигаш Сабах, а претходно ги водеше Ритас, Рига, Химки и Вулфс Вилнус. Како играч, остави длабока трага во европската кошарка и беше еден од најдобрите играчи на СССР пред распадот на оваа држава, како и на Литванија по осамостојувањето. Ако биде избран на селекторската позиција, негова прва задача ќе бидат двата квалификациските дуела за Европското првенство против Македонија кои се играат во ноември.


