Лос Анџелес Лејкерс го доживеа четвртиот пораз по ред откако ноќеска загуби во дербито со Денвер со 126-131.
Гостите на овој меч настапија драстично ослабени бидејќи освен Леброн Џејмс, не играше ни Лука Дончиќ, како ни Џексон Хејс, Доријан Фини Смит и Руи Хачимура, па загубија и паднаа дури на петтото место на табелата. И така ослабени, Лејкерс долго време му парираа на противникот, во првата четвртина имаа и 14 поени предност, а и во финишот беа во водство.
Денвер ја презеде контролата над резултатот во вториот квартал, Лејкерс се вратија во водство во последната четвртина кога поведоа со 111-106, па ситуацијата мораа да ја спасуваат Јокиќ и Мареј. Првиот постигна кош под фаул, а вториот погоди важна тројка и Денвер дојде до исклучително важна победа во финишот од сезоната.
И покрај тоа што не играа првите ѕвезди, Лејкерс ги имаа најефикасните играчи во Ривс кој постигна 37 и Нехт со 32 поена. Јокиќ го предводеше Денвер со 28, додека Мареј реализира 26.
РЕЗУЛТАТИ
Мајами – Бостон 91-103
Филаделфија – Индијана 100-112
Атланта – ЛА Клиперс 121-133
Хјустон – Далас 133-96
Мемфис – Кливленд 124-133
Минесота – Орландо 118-111
Сан Антонио – Шарлот 134-145
Денвер – ЛА Лејкерс 131-126
Јута – Торонто 118-126
Феникс – Сакраменто 122-106


