На една недела пред крајот на основниот дел од сезоната во НБА, Лос Анџелес Лејкерс доживеа двојна катастрофа.
На гостувањето кај шампионот Оклахома Сити загуби со 96-139, а во исто време остана и без Лука Дончиќ кој ја повреди задната ложа и најверојатно му претстои пауза и тоа во најлош можен момент. Словенецот почувствува болка уште во првото полувреме, но при една акција во третата четвртина само ја остави топката и се спружи на паркетот, алармирајќи дека не може да продолжи.
Luka Doncic seems to pull up because of his left hamstring
— Dr. Evan Jeffries, DPT (@GameInjuryDoc) April 3, 2026
This is the SAME hamstring he hurt prior in the season. If it’s a strain timeline is dependent on severity
Grade I: 1-2 weeks
Grade II: 3-6 weeks pic.twitter.com/VdFWqz2snl
Веќе почнаа проценките за неговата повреда кои се движат од една до шест недели, во зависност од степенот. Во текот на денешниот ден тој ќе помине на магнетна резонанца по што ќе се утврди за што точно се работи. Ако е најлошата варијанта, за Дончиќ сезоната е завршена, а Лејкерс дефинитивно ги губи шансите за евентуално освојување на шампионската титула.
И додека играше, Дончиќ не блескаше, постигна само 12 поени за 25 минути, со шут од игра 3/10. Најдобар играч на мечот беше Гилџес Александер со 28 поени, седум скока и седум асистенции, а кај Лејкерс не се истакна особено ни Леброн Џејмс кој стигна до 13 поени.


