Два месеца откако претрпе сериозна повреда – истегнување на тетивата од втор степен на левата нога – Лука Дончиќ сега е целосно здрав и има зелено светло да се занимава со кошаркарски активности.
Во моментов тоа не значи многу, но секако е добро за иднината и на словенечкиот кошаркар и на неговиот тим Лос Анџелес Лејкерс,
„Тој е целосно функционален“, тврдат извори.
Дончиќ претрпе сериозна повреда на 2 април во поразот од Оклахома Сити Тандер, во основниот дел од сезоната. Повредата беше доволно сериозна за да ги натера Дончиќ и неговиот тим да патуваат во Европа во потрага по специјализирана медицинска помош. Подоцна беше откриено дека повредата на тетивата е посериозна отколку што првично беше утврдено.
Поради овој проблем, Дончиќ ги пропушти последните пет натпревари од лигашката сезона за Лејкерси, а не играше ни во целиот плејоф. Претходно објави дека нема да игра за Словенија ова лето поради битка за старателство на своите ќерки.


