Лос Анџелес Лејкерс ја крева својата форма и ноќеска ја оствари третата победа во низа откако славеше на гостувањето кај Њу Орлеанс со 111-103.
Блескаа Лука Дончиќ и Леброн Џејмс кои постигнаа по 30 поени за победничкиот тим. Словенецот оствари и 10 асистенции, додека Џејмс имаше осум скока и осум асистенции за Лејкерс. Диандре Ејтон додаде 18 украдени топки и 11 скока за Лејкерс, кои ја отворија четвртата четвртина со серија од 9-0 и ја презедоа контролата врз играта, а со тоа и го скршија отпорот на домашниот тим.
Треј Марфи постигна рекордни во кариерата 42 поена за Њу Орлеанс, кој загуби по осми пат по ред. Зајон Вилијамсон додаде 15 поени, а Дерик Квин имаше 10 поени, 13 скока и осум асистенции.
Лејкерс со оваа победа го поминаа Денвер и се искачија на третото место во Западната конференција иако со два меча повеќе од тимот од Колорадо.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Кливленд 116-120
Вашингтон – Орландо 120-112
Мемфис – Сан Антонио 106-105
Минесота – Мајами 122-94
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 103-111
Сакраменто – Далас 98-100


