Првата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс ќе мора да паузира неколку недели откако доживеа повреда на ноќешното дерби против Бостон.
Ветеранот има повреда на препоните, слична како неколку откако дојде во Лејкерс, а иако по мечот беше оптимист и изјави дека ќе се врати за кратко време, излезе дека таа е потешка отколку што се очекуваше. Со оглед на тоа што до крајот на основниот дел од сезоната во НБА има уште нешто повеќе од еден месец, отсуството на Леброн ќе биде огромен хендикеп за Лејкерс во борбата за второто место во Западната конференција.
Кога станува збор за повредите на препоните кои ги доживеа откако дојде во Лејкерс, најпозната е онаа од 2018 година кога мораше да пропушти 17 натпревари и поради тоа неговиот тим таа сезона го пропушти плејофот.
Во финишот од сезоната Лејкерс имаат релативно тежок распоред бидејќи по претстојниот меч против Бруклин, треба два пати да играат со Денвер и Милвоки, потоа со Феникс, Сан Антонио итн. Целиот товар ќе треба да го преземе Лука Дончиќ кој игра се подобро од натпревар во натпревар.


