Претстојната сезона во НБА лигата ќе биде последна за Леброн Џејмс во дресот на Лос Анџелес Лејкерс.
Американските медиуми денеска објавија дека менаџментот на франшизата одбило да го продолжи договорот што значи дека идната пролет ќе биде ставен крај на осумгодишната соработка. Леброн се обидел да издејствува продолжување за барем уште една сезона, но управата одбила дури и да разговара на таа тема што предизвикало тензија меѓу двете страни.
Најлошо од се е тоа што Лејкерс ќе мораат да го трпат незадоволниот Леброн во соблекувалната уште една година. Засега е нејасно дали најдобриот стрелец во историјата на НБА ќе игра и по 2026 година или крајот на договорот со Лејкерс ќе значи и крај на неговата кариера. Леброн за седум години освои една шампионска титула со тимот од Лос Анџелес што за многумина е премалку.
Лидерската улога во новата сезона очигледно ќе ја преземе Лука Дончиќ врз кого ќе се гради екипата во иднина.


