Како што сезоната се ближи кон крајот, така се зголемуваат и гласините околу слободните агенти. Тие не ја заобиколија ниту најголемата НБА ѕвезда во последните 25 години, Леброн Џејмс.
Договорот на „Кралот“ со Лос Анџелес Лејкерс истече и за првпат тој е вистински слободен агент. Каде ќе заврши сè уште е непознато, но секако, разговорите меѓу неговиот табор и Лејкерс веќе се во тек. Џејмс е во виолетово-златна боја осум сезони и се очекува да остане во Калифорнија. Сепак, тој и неговите агенти сакаат да знаат каков е планот на Лејкерс за во иднина, бидејќи како што стојат работите, познатиот играч нема да добие максимален договор.
Инсајдер од НБА и еден од најдоверливите новинари, Брајан Виндхорст во својот подкаст откри што точно сакаат луѓето на Леброн.
„Тие сакаат Лејкерс да објаснат зошто нема да дадат максимален договор и кои играчи ќе ги бркаат со парите што би ги заштедиле. Кливленд, денес, може да го потпише Леброн за 3.000.000 долари. Тој заработи 54.000.000 долари оваа сезона. Колку што знам, Џејмс не е подготвен да се согласи на такво намалување“, тврди Виндхорст.
Џејмс има 41 година, па ќе му биде тешко да добие максимален договор, но нема да се согласи на драстично намалување на платата, бидејќи и покрај годините бележи извонредни бројки. Лејкерс се негов приоритет, но ако не успеат да изградат подобар тим околу него и Лука Дончиќ, не е невозможно Леброн да си замине. Кливленд претходно се споменуваше како една од потенцијалните дестинации, но Виндхорст не верува во тоа.


