Лос Анџелес Лејкерс продолжува да гази во НБА лигата, а Лука Дончиќ повторно беше главниот актер во новата победа на тимот од Калифорнија.
Тимот од Калифорнија го совлада Милвоки Бакс со 123-112 и ја запиша седмата победа бо низа, со која се зацврстија на врвот во Западната конференција.
Словенечката суперѕвезда средбата ја заврши со 32 поени, пет скока, пет асистенции и три украдени топки. Дончиќ шутираше 10/25 од поле, а зад линијата за три поени реализираше пет обиди. Со ова продолжи неговата импресивна серија од девет натпревари на кои постигнува најмалку 30 поени.
Сепак, триумфот над Милвоки не помина без непријатен момент за домашниот состав. Во завршницата од натпреварот, при еден доскок, Дончиќ незгодно ја постави ногата врз стапалото на Кајл Кузма, по што го повреди десниот зглоб. Иако го изведе дополнителното слободно фрлање, Словенецот потоа се упати кон соблекувалната и не се врати на паркетот. Неговото повлекување предизвика загриженост во таборот на Лејкерси, особено поради неговата огромна улога во одличните резултати на тимот.
Првите информации сепак донесоа одредено олеснување. Тренерот Џеј Џеј Редик објави дека станува збор за полесно истегнување, но здравствената состојба на Дончиќ останува во центарот на вниманието. Лејкерс моментално се во победнички ритам и со седум триумфи едноподруго ја потврдуваат својата одлична форма, а Дончиќ е еден од главните кандидати за индивидуалните признанија сезонава.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Вашингтон 114-101
Њујорк – Кливленд 107-115
Торонто – Бостон 93-98
Чикаго – Сан Антонио 119-124
Мемфис – Денвер 118-123
Милвоки – Лос Анџелес Лејкерс 112-123
Њу Орлеанс – Бруклин 111-145
Јута – Орландо 108-123
Хјустон – Голден Стејт 115-108
Портланд – Оклахома Сити 118-108


