Екипата на Фенербахче ја врати шампионската титула во турското првенство откако со 3-1 го совлада својот лут ривал и бранител на трофејот Анадолу Ефес.
Вечерва пред своите навивачи Фенер славеше со 80-72 по продолжение бидејќи на крајот од основниот дел беше 64-64. Трагичар за Ефес беше Шејн Ларкин кој пред истекот на времето имаше отворен шут за победа, но беше непрецизен.
За Фенербахче ова е 11. титула во турското првенство каде најуспешен е Анадолу Ефес со 16 трофеи.


