Само неколку часа откако Баерн ја објави разделбата со Пабло Ласо, трофејниот шпански стручњак најде нов клуб.
Од денеска, тој е тренер на шпанскиот прволигаш Басконија со кој потпиша договор на три години. Со тоа, Ласо се врати во клубот од својот роден град Виторија и каде што ја почна својата професионална кариера. Член на Басконија беше во првите 11 сезони, од 1984 до 1995 година по што играше уште и за Реал, Трст, Малага, Жирона, Љеида и Ваљадолид. За Басконија одигра 370 натпревари и освои еден трофеј, во Копа дел Реј во 1995 година.
Тренерската кариера ја почна во 2003 година на клупата на Кастељо, потоа ги водепе Валенсија, Кантабрија и Гипускоа пред да го преземе Реал каде помина 11 сезони и тоа му беше најуспешниот дел имајќи предвид дека за тој период освои вкупно 22 трофеја, вклучувајќи по шест титули во шпанското првенство и Купот и седум во Суперкупот, плус две во Евролигата.


