По 12 години и еден куп шпекулации, францускиот интернационалец Жофри Ловерњ е пред враќање во Партизан, пишуваат српските медиуми.
Искусниот центар треба да потпише едногодишен договор со можност за продолжување на соработката. Тој претходно изјави дека отсекогаш сакал да ја заврши кариерата во Партизан и блиску е до остварување на таа своја желба. Ловерњ од неодамна постојано живее во Белград бидејќи му заврши сезоната во Кувајт поради војната на Блискиот Исток. Тренираше со Мега, а денот по натпреварот со Жалгирис се појави вест дека е постигнат договор помеѓу него и Партизан.
Ловерњ наскоро ќе почне да тренира со црно-белите, кои ќе можат да сметаат на него во Српската кошаркарска лига. Роковите за регистрација за Евролигата и АБА лигата одамна поминаа, па поранешниот капитен ќе може да се појави само во финалето на КЛС. Патем, тој има и српски пасош, па ќе може да игра како домашен играч во тоа натпреварување, што е многу важно во сезона во која Партизан мора да игра со повеќе домашни играчи.
Ловерњ ќе наполни 35 години во септември, а по првиот престој во Партизан од 2012 до 2014 година, играше за Химки, Денвер, Оклахома, Чикаго, Сан Антонио, Фенербахче, Жалгирис, АСВЕЛ, додека тековната сезона ја започна во Кувајт.
Пред два дена Партизан го објави и продолжувањето на договорот со Карлик Џонс кој и идната сезона ќе го носи црно-белиот дрес.


