Kапитенот на Црвена Звезда, Бранко Лазиќ е прогласен за дефанзивец на сезоната во АБА лигата, tрет пат во четирите сезони откако се доделува признанието.
Искусниот бек ја добиваше наградата и во 2021 и 2022 година, а само лани не отиде во неговите раце, туку кај Матијас Лесор која тогаш играше за Партизан. Лазиќ доби 19,6% од гласовите во гласањето на тренерите, новинарите и кошаркарските фанови, а зад него останаа соиграчот од Звезда, Џоел Боломбој со 18,1‚ и Марко Рамљак од Задар со 14,1%.
Следните денови треба да бидат познати и другите освојувачи на индивидуалните признанија во АБА лигата.


