Поранешниот играч на неколку НБА екипи, Џеј Џеј Редик од денеска официјално е тренер на Лос Анџелес Лејкерс.
На новата функција, тој доаѓа без ден искуство како тренер бидејќи по завршувањето на играчката кариера во 2021 година, работеше само како стручен коментатот на американските телевизии. Во НБА лигата играше вкупно 15 сезони во екипите на Орландо, Милвоки, Лос Анџелес Клиперс, Филаделфија, Њу Орлеанс и Далас.
„Задоволство ми е што имам можност да работам во Лејкерс, една од најпознатите и најуспешни франшизи во светската кошарка. Сакам да ја изразам мојата благодарност до Џини Бас, Роб Пелинка и целиот менаџмент, прекрасно е тоа што во тимот ќе има многу ветерани кои ќе ми помогнат во остварувањето на своите цели“, изјави Редик на промоцијата.
Друга интересна работа кај него е тоа што е само половина година повозрасен од првата ѕвезда во екипата Леброн Џејмс.


