Откако во текот на викендот го договори Лука Дончиќ, Лос Анџелес Лејкерс ноќеска ја засили екипата и на центарската позиција.
Во трејд со Шарлот, тимот од Калифорнија го донесе Марк Вилијамс во замена за Далтон Нехт, Кем Редиш и по еден пик во 2030 и 2031 година. Вилијамс има квалитети да биде стартен центар во Лејкерс, а со оглед на тоа што има само 23 години, може да биде долгорочно решение за оваа позиција.
Сезонава тој одигра само 22 натпревара, но со солиден ефект од 16 поени и 9,8 скокови. Ова е негова трета сезона и во неа бележи најдобри бројки откако е во НБА лигата. Ако нема изненадувања, со него е затворен тимот на Лејкерс кој во продолжение од сезоната ќе се обиде да дојде до шампионската титула.


