Менаџментот на Лос Анџелес Лејкерс се обидува да донесе уште една ѕвезда за новата сезона, а американските медиуми тврдат дека изборот паднал на Кевин Дурант.
По лошата сезона со Санс со кои испадна во првата рунда од плејофот, Дурант би можел да си замине од Аризона иако има договор на уште две сезони во кои му се загарантирани 106 милиони долари. За да го донесат во своите редови, Лејкерс нудат четворица кошаркари: Дианџело Расел, Руи Хачимура, Тауран Принс и Макс Кристи, плус два пика на драфтот во 2029 и 2030 година.
Сепак, од Феникс не планираат така лесно да се откажат од еден од своите најдобри играчи. Во замена за него го бараат Ентони Дејвис и воопшто не сакаат да преговараат ако една од ѕвездите на Лејкерс не биде вклучен во понудата за трејд.


