Живата легенда на американскиот спорт Леброн Џејмс ќе биде првиот кошаркар во историјата што ќе го носи знамето на САД на отворањето на Олимписките игри.
Играчот на Лос Анџелес Лејкерс денеска беше избран од останатите спортисти и ќе ја има можеби најголемата чест во својата кариера.
„Огромно задоволство е да се претставуваат САД на светско ниво, особено во момент кој го спојува целиот свет. Оваа одговорност значи многу за мене, момче од Акрон, за моето семејство и децата од моето маало, како за соиграчите и веројатно сите Американци на планетата“, изјави Леброн откако ја дозна големата вест.
Тој бил номиниран од неговиот соиграч Стеф Кари од кого и дозна дека ќе го носи знамето на отворањето. За Леброн, игрите во Париз ќе бидат четврти во кариерата и ќе има можност да дојде до третото злато. Спортистката која ќе му прави друштво на отворањето ќе биде одредена дополнително.
Знамето на својата држава, во случајот Грција, на отворањето ќе го носи уште една голема кошаркарска ѕвезда – Јанис Адетокунбо.


