Најдобриот играч на Лејкерс, Леброн Џејмс на дело покажа колку му значи овој тим во кој настапува веќе пет години.
Минатата недела, непосредно пред крајот на периодот за трејдови во НБА, Леброн имал понуда за премин во Голден Стејт Вориорс каде првпат во кариерата би играл со Стеф Кари на клупско ниво. Сопственикот Џо Лејкоб директно се обратил до Џини Бас, но ни таа, а уште поважно, ни Леброн не биле заинтересирани за трејд.
Интересно е тоа што за Леброн бил заибтересиран и генералниот менаџер на Филаделфија 76, Дерил Мори, но неговиот колега од Лејкерс, Роб Пелинка во замена го побарал Жоел Ембид и тука завршила комуникацијата меѓу двете франшизи.


