Пристигнувањето на Леброн Џејмс во Филаделфија очигледно ќе има огромно влијание не само на теренот, туку и надвор од него.
Според податоците за цените на билетите за натпреварите од претстојната НБА сезона, Филаделфија 76 се најде меѓу екипите за чии натпревари владее најголем интерес. Дури девет од десетте најскапи натпревари во продажба на билети ги вклучуваат Сиксерс.
Најскап е дуелот со Њујорк Никс, за кој во моментов најевтиниот билет чини неверојатни 2.605 долари. Следува гостувањето на Филаделфија кај Лос Анџелес Лејкерс, каде што цената започнува од 830 долари.
Но, интересот не е ограничен само на тие два натпревари. Филаделфија ќе биде домаќин и на Њујорк Никс, Кливленд, Бостон, Портланд и Детроит, а цените на билетите за овие средби исто така се значително повисоки од вообичаеното.
Така, уште пред почетокот на сезоната станува јасно колкава комерцијална вредност носи името на Леброн Џејмс. Самото негово присуство е доволно драстично да го зголеми интересот за натпреварите на Филаделфија и да ги подигне цените на билетите.


