Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс ги изнервира сите љубители на кошарката на планетата со својата денешна објава .
Вчера тој објави дека има да соопшти една важна одлука денеска во 18 часот, сите помислија дека ќе означи крај на кариерата или ќе каже кога ќе се случи тоа, но место такво нешто, Леброн направи реклама за коњак. Дел од американските медиуми почувствуваа дека се работи за трик, но дури и тие размислуваа на друга страна.
The Decision has been made. Cheers to year 23.@KingJames #HennessyxLeBron #TheSecondDecision #HennessyVSOP pic.twitter.com/WnXMZTiEPS
— Hennessy (@Hennessy) October 7, 2025
Интересно е тоа што откако синоќа Леброн најави „ОДЛУКА“ за денеска, цената на билетите за последниот натпревар од основниот дел на претстојната сезона се качија за 600% и од 82, отидоа на 580 долари.


