На безмалку еден месец пред 40. роденден, суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс се искачи на второто место по бројот на победи во НБА лигата.
Синоќа во Сан Антонио, Лејкерс славеа со 119-101 и тоа беше 1.159 победа за Леброн во неговата кариера. Судбината сакаше на теренот на Спарс да го помине легендарниот играч на оваа франшиза Тим Данкан кој застана на 1.158.
Пред Леброн сега е само Карим Абдул Џабар кој во својата кариера оствари 1.228 победу што значи дека на кошаркарот на Лејкерс му недостасуваат 69 за да го стигне. Леброн има 976 победи во основниот дел од НБА лигата и 183 во плејофот.


