Најдобриот стрелец во историјата на НБА, Леброн Џејмс ќе мора да паузира меѓу три и четири недели што значи дека ќе го пропушти стартот на новата сезона.
Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс страда од ишијас на десната страна од телото и тоа ќе го оневозможи да тренира во следниот период. Новата сезона во НБА почнува на 21 октомври, а Леброн би се врати најрано на почетокот на ноември што значи дека ќе ги пропушти првите 4-5 меча.
Во декември тој ќе наполни 41 година и јасно е дека е неговата возраст полека си го зема данокот.


