Иако кариерата ќе ја продолжи во дресот на Филаделфија 76ерс, Леброн Џејмс нема да се пресели во Пенсилванија.
Американските медиуми објавија дека легендарниот кошаркар поголемиот дел од времето ќе живее во Њујорк и од таму ќе патува кон Филаделфија за да ги извршува обврските со својот нов тим.
Одлуката не претставува голем логистички проблем, бидејќи двата града се релативно блиску. Патувањето со автомобил трае околу час и половина, додека со хеликоптер може да се стигне за помалку од еден час.
Ваквиот аранжман му овозможува на Џејмс да остане во Њујорк, каде што има бројни деловни и приватни обврски, а истовремено без поголеми потешкотии да ги исполнува сите професионални задачи во редовите на Филаделфија.
Иако ваквите примери не се чести во НБА, за играч од калибарот на Леброн, кој веќе со години успешно ги балансира спортската кариера и бизнис-проектите, ваквата организација се смета за сосема изводлива.


