Поранешниот тренер на Лос Анџелес Лејкерс и легенда на НБА, Бајрон Скот даде свој коментар за иднината на Леброн Џејмс, предвидувајќи дека суперѕвездата ќе се врати во Кливленд Кавалирс пред да се пензионира.
„Мислам дека ова е неговата последна година со Лејкерс и веројатно ќе се врати во Кливленд. Ќе игра уште една година таму, а потоа ќе добие статуа и сите работи што ќе ги направат во Кливленд. На пример, ќе именуваат улици по него“, рече Скот во својот подкаст.
Леброн Џејмс, кој ќе наполни 42 години во декември, е една од најголемите ѕвезди во НБА уште од своето деби во 2003. Во текот на својата кариера, тој во просек постигнуваше 26,9 поени, 7,5 скока и 7,4 асистенции по натпревар.
Неговиот сегашен тим, Лос Анџелес Лејкерс, моментално е петти во Западната конференција со резултат од 39/25. Таму игра од 2018 година, освои една шампионска титула, но сепак го немаше ефектот кој се очекуваше од него.
Што се однесува до Кливленд, Леброн таму помина вкупно 11 сезони во својата кариера. Почна во Кавс во 2003 и играше до 2010 за потоа да се врати во 2014 и да го носи дресот на истиот тим уште четири сезони.


