За утре во 18 часот по средноевропско време, закажана е нова телевизиска емисија во која Леброн Џејмс ќе објави нешто многу важно.
Деценијата и пол по оригиналната „одлука“, кога соопшти дека од Кливленд се сели во Мајами, еден од најдобрите кошаркари во историјата најави нова „одлука“. Секако, не конкретизираше за што станува збор, но ппретпоставките се дека ќе објави дека оваа сезона ќе биде негова последна во кариерата.
The decision of all decisions. October 7th. 12pm EST. 🫡👑 #TheSecondDecision pic.twitter.com/1uop8sIU25
— LeBron James (@KingJames) October 6, 2025
„Одлука на сите одлуки. Седми октомври“, напиша Леброн на социјалните мрежи и го доби вниманието на целиот свет.
Во декември тој ќе наполни 41 година, а договорот со Лејкерс му истекува на крајот од оваа сезона и нема најави дека ќе биде продолжен. Од Лејкерс не постои интерес, што дополнително ги засилува шпекулациите дека Леброн идната пролет официјално ќе ја заврши кариерата.


