По ланскиот дебакл на Американците на Светското првенство, Леброн Џејмс поведе иницијатива да се соберат најдобрите играчи и да настапат на Олимписките игри во Париз.
Тој сега е предводник на селекцијата на САД која е прв фаворит за златото, а покрај себе има уште 11 НБА суперѕвезди. Својот четврти настап на Олимписки игри, Леброн го игра со 39 години со што стана највозрасен американски кошаркар што заиграл на оваа манифестација.
Досега тој рекорд го држеше Лери Бирд кој во Барселона во 1992 играше на 35-годишна возраст. Леброн во Париз ќе се обиде да дојде до својот четврти медал, трет златен на Олимписките игри.


