Леброн Џејмс од Лос Анџелес Лејкерс е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА.
Неговиот тим имаше серија од три победи минатата недела, а успехот има дополнително значење бидејќи беше остварен без Лука Дончиќ и Остин Ривс кои се повредени. Џејмс имаше просек од 24 поени, 9,7 асистенции, шест скока и три украдени топки по натпревар.
Ова е 70. пат во неговата кариера да биде прогласен за играч на неделата, а деветти пат како член на Лејкерс.
Брендон Инграм од Торонто е играч на неделата во Источната конференција. Тој имаше просек од 25,5 поени, 6,5 скока и 4,5 асистенции по натпревар. За Инграм ова е петто вакво признание во кариерата.


