НБА ноќеска објави дел од распоредот на натпревари за новата сезона, а како и секогаш, најинтересна е божиќната програма во која настапуваат некои од најголемите ѕвезди во лигата.
Интересно е тоа што претстојната сезона на Божиќ нема да се појави двојниот МВП, Јанис Адетокунбо бидејќи Милвоки не е вклучен во програмата. Затоа ќе игра Лука Дончиќ, шампионот Бостон ќе се сретне со Филаделфија, а има и две спектакуларни пресметки со екипи од Западната конференција.
Во првата ќе се сретнат Стеф Кари и Леброн Џејмс кои во моментов се борат за златото на САД на Олимписките игри во Париз, а потоа и Никола Јокиќ ќе излезе на мегдан на Кевин Дурант во Феникс.
ДВОЈКИ ЗА БОЖИЌ
Њујорк – Сан Антонио
Далас – Минесота
Бостон – Филаделфија
Голден Стејт – ЛА Лејкерс
Феникс – Денвер


