На почетокот од петтата деценија од животот, Леброн Џејмс се уште игра на врвно и продолжува да ги руши рекордите во НБА лигата.
Последниот го собори синоќа откако НБА го прогласи за играч на неделата во Западната конференција. Со ова, Леброн стана највозрасен кошаркар во историјата на лигата кој добил вакво признание. До него стигна на 40 години и 36 дена, соборувајќи го Мајкл Џордан кој последен пат беше прогласен за играч на неделата на 40 години и 14 година, во март 2003 година.
NBA Players of the Week for Week 15.
— NBA (@NBA) February 3, 2025
West: LeBron James (@Lakers)
East: Donovan Mitchell (@cavs) pic.twitter.com/ak2MIjnVG4
Леброн е апсолутен рекордер по бројот на награди за играч на неделата со вкупно 69 во неговата кариера. Далеку зад него е Коби Брајант со 33, а трет е Кевин Дурант со 32.


