Иако во длабока сенка на Никола Јокиќ, Леброн Џејмс се наоѓа на второто место на листата на кошаркари со трипл дабл натпревари оваа сезона.
Ноќеска го оствари деветтиот, вкупно 121. во кариерата, а со него оствари нов рекорд во НБА лигата. Суперѕвездата на Лејкерс стана највозрасен кошаркар во историјата на ова натпреварување кој остварил трипл дабл со 20+ постигнати поени (21 поен, 10 скока, 13 асистенции). Во исто време стана само втор кошаркар во постоењето на НБА со трипл дабл на над 40-годишна возраст. Последниот трипл дабл го оствари на 23 декември, една недела пред да наполни 40 години.
Рекордот за највозрасен играч со трипл дабл во историјата на НБА го држи Карл Мелоун со 40 години и 127 дена. За да го собори и ова достигнување, Леброн ќе треба да направи ваков ефект идната сезона бидејќи сега има 40 години и 23 дена.


